среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Тетово -Попова Шапка

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Тетово -Попова Шапка
илустрација

На 16.06.2022 во 12.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, во с. Гајре, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(22) од с.Гајре и мотоцикл „кавасаки“ со германски национални ознаки, управувано од Т.С.(59) од с.Челопек, тетовско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.