петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во ресенско

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во ресенско
илустрација

На 13.04.2022 околу 16.00 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на регионалниот пат с.Стење – с.Царев Двор, ресенско, се случила сообраќајна несреќа.

-Несреќата се случила помеѓу патничко возило „мазда”, со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(52), мотоцикл „кавасаки”, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(24) од с.Јанковец, ресенско и патничко возило „форд”, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(51) од с.Подмочани, ресенско, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.