Мотоциклист се здобил со тешки телесни повредни во сообраќајна несреќа на улицата „Кеј Братство единство“ во Гостивар.
До несреќата дошло кога 21-годишниот мотоциклист се судрил со 58-годишен маж кој управувал патничко моторно возило со гостиварски регистерски ознаки.
По укажаната лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, мотоциклистот бил префрлен на скопските клиники. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.