недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Струмица

Мотоциклист тешко повреден во Струмица
илустрација

На 24.11.2022 во 20.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Василев“ со ул.„Ристо Ќурчиев“ и ул.„Ката Поцкова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(49) од Струмица и мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.