На 20.06.2022 околу 22.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.В.(64) од Штип, удрил во Л.Р.(59) од Штип.
-Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.