Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која, како што информира МВР, се случила вчера вo 19.10 часот на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ со ул.„Методија Андонов Ченто“, на место викано „Триангла“.
Во несреќата учествувале автомобил „тојота“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ј.(36) од с.Трубарево, скопско и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.