среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден по судир со дипломатско возило во Скопје

Мотоциклист тешко повреден по судир со дипломатско возило во Скопје
илустрација

На 07.09.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Рилски Конгрес“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(54) од Скопје и патничко возило „бмв“ со дипломатски регистарски таблички, управувано И.И.(51) од Р. Украина, информира МВР.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.