сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во демирхисарско

Мотоциклист тешко повреден во демирхисарско
илустрација

На 27.09.2023 во 18.05 часот на регионалниот пат за с.Сопотница, демирхисарско, Ј.В.(51) од с.Мало Илино, демирхисарско, управувајќи мотоцикл „лифан“ без регистарски ознаки, изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловозот.

-Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.