недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Кочани

Мотоциклист тешко повреден во Кочани
илустрација

На 17.01.2023 во 14.20 часот било пријавено дека во Кочани на ул.“Крижевска“ моторцикл “јамаха“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.М.(35) од Кочани, излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Штип, истакнуваат од МВР.

Извршен бил увид од Полициската станица Кочани.