среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Гостивар
илустрација

На 17.08.2023 во 10.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 28-годишната М.А. од гостиварско Врапчиште и мотоцикл „хонда“ што го управувал 65-годишниот гостиварец С.Ц., двете со гостиварски ознаки, информира МВР.

Во несреќата С.Ц се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.