четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист удри во пешак, двајцата со повреди завршија на Клинички

Мотоциклист удри во пешак, двајцата со повреди завршија на Клинички

На 12.05.2023 околу 09.35 часот во Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(40) од Скопје удрил во пешак К.М.(30) од Скопје.

-Во несреќата К.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.Т. со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.