среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР објави детали за автомобилот кој излета во Радика

МВР објави детали за автомобилот кој излета во Радика

Вчера во СВР Тетово околу 16.45 било пријавено дека на патот Р1-202 Мавровска раскрсница-Дебар, кај Стрезимирски Мост, патничко моторно возило „рено сценик“ со германски национални ознаки, сопственост на Р.Ф.(42) од с.Новак, излетало од патот.

Како што информира МВР, по несреќата, лекар од итна медицинска помош-Гостивар констатирал смрт кај Н.С.(52), Р.Н.(35) и Р.Ф., сите од с.Новак, а С.М.(49) од с.Новак била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавниот Обвинител над починатите лица во текот на наредниот ден ќе се врши обдукција, соопштија од МВР.