понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за пукањето во маркетот во Чаир

МВР со детали за пукањето во маркетот во Чаир

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14:38 часот пријавено е дека во маркет  на ул.„Кемал Сејфула“ е пукано со огнено оружје кон вработената Г.А. (26).

Во неа пукал Ш.А. , по што се дал во бегство.

-Повредената со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар  каде и е констатирана прострелна рана во десната нога. На лице место пронајдено е едно зрно од проектил, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.