Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот кон с.Пуста Брезница, скопско, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(51) од Скопје, излетал надвор од патот.
-Во несреќата мотоцикистот се здобил со тешки телесени повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
Горан Стојмировски е еден од легендите на македонскиот мото свет.