среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Наместо во самоизолација позитивни на коронавирусот ја напуштиле Македонија – меѓу нив и мајка со две малолетни ќерки од Тетово

Наместо во самоизолација позитивни на коронавирусот ја напуштиле Македонија – меѓу нив и мајка со две малолетни ќерки од Тетово

Полициски службеници од СВР-Тетово во периодот од 8 до 11 август извршиле проверка на лица на кои им е издадено решение за изолација и позитивни со Ковид-19 на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Притоа, било констатирано дека Д.Л. од Косово, со престој во нашата држава, Љ.С.(54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А.Ќ.(37) од Тетово, М.Љ.(49) од Мала Речица, А.Х.(20) од Мала Речица, Б.Х.(35) од тетовски Лисец и М.З.(54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, ја напуштиле државата, соопшти МВР.

Претходно вчера беше соопштено дека при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско, вчера полицијата открила четири лица кои ја напуштиле државата и покрај тоа што биле заболени од ковид-19.