На 26.06.2018 година во 11:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.П.(61) и Ќ.С.(29) пријавиле дека биле физички нападнати од страна на М.Х.(61) од Скопје.
Физичкиот напад бил извршен додека двајцата пријавители извршувале градежни работи на булевар „Крсте Мисирков“ каде дошол М.Х. и со возило сакал да помине на местото каде што се извршувале работите и бидејќи не сакал да чека да се ослободи патот, физички ги нападнал.
Извршен бил разговор со пријавениот и бил земен записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.