четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнале сопственик на угостителски објект и келнер, тројца скопјани добија кривични

Нападнале сопственик на угостителски објект и келнер, тројца скопјани добија кривични
илустрација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Х.(35), Д.Д.(26) и Б.Љ.(33), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’.

На 01.01.2022 во угостителски објект на Попова Шапка, пријавените физички ги нападнале сопственикот и еден вработен и оштетиле дел од инвентарот.