недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Несреќа во Струмица: Со „БМВ“ удриле во ѕид од куќа

Несреќа во Струмица: Со „БМВ“ удриле во ѕид од куќа

На 26.08.2020 во 14,45 часот било пријавено дека на улица „Бетовенова“ во Струмица патничко возило „бмв“ со струмички регистерски ознаки, управувано од С.Х.(21) од Струмица удрило во ѕид од куќа.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.М.(61), констатирани во Медицинскиот Центар Струмица, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.