недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинети лицата кои играа оро за време на полицискиот час во Гевгелија

Обвинети лицата кои играа оро за време на полицискиот час во Гевгелија

За играње оро во полициски час, ОЈО Гевгелија побара 30.000 евра казна за 30 играорци од Гевгелија и 13.000 евра за лица кои се движеле пеш или со возила со што не ја почитувале забраната за движење.

Јавното обвинителство информира дека 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот Ковид-19.

Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.