сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанец (71) со автомобил удрил во 76 годишна жена

Охриѓанец (71) со автомобил удрил во 76 годишна жена

На 14.12.2022 околу 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71) од Охрид, удрило во Ж.Ѓ.(76) од Охрид, информира МВР.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.