Охриѓанец е тешко повреден откако вчера вечерта на кружниот тек на влез во Струга, со автомобил „Мерцедес“ излетал од коловозот.
-Во незгодата возачот К.А. (44) се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.