Автомобил „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(44) од Гостивар, вчера на улицата „101“ во Гостивар, удрило во осумгодишен пешак од Гостивар.
-Во незгодата, детето се здобило со тешки телесни повреди по што бил пренесено во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.