четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Парични казни за четири лица од Битола за непочитување на полицискиот час

Парични казни за четири лица од Битола за непочитување на полицискиот час

Четири лица во Битола во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила,  биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш без притоа да поседуваат дозвола за движење.

Како што денеска соопшти Јавното обвинителство на РС Македонија, обвинетите на 21.04.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид -19 не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

– Заради стореното кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност, стои во соопштението од ЈО.