петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Четворицата членови на семејство од Берово, се обвините дека, за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, информираат од Јавното обвинителство.

-Тие се движеле со патничко моторно возило додека во сила бил полицискиот час, односно не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движње на територијата на Република Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, соопштија од обвинителство.

Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил по едно кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија , за што јавен обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог и му предложи на надлежниот суд да им изрече парични казни во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.​