среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Патувал во странство приватно, а плаќал со службени пари: Кривична пријава за директор

Патувал во странство приватно, а плаќал со службени пари: Кривична пријава за директор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 2022 година досега, во својство на директор на ЈУЦК „Григор Прличев“, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство на органите на управата, во повеќе наврати за приватни потреби патувал надвор од РМ, со што нанел штета на установата во износ од 104.200 денари.