вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак и возач тешко повредени во сообраќајна несреќа

Пешак и возач тешко повредени во сообраќајна несреќа

На 29.12.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Визбегово, скопско, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(20) од Скопје, удрило во пешакот Г.Р.(46) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата, пешакот и возачот се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.