четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак прегазен во Дебар Маало

Пешак прегазен во Дебар Маало

На 01.11.2020 во 09.20 часот во Скопје на крстосница од ул.„Наум Наумовски Борче“ и ул.„Аминта Трети“, патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Џ.(30) од Гостивар, удрило во пешак Т.Х.(88) од Скопје, информира МВР.

По незгодата Т.Х., бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.