На 16.04.2020 во 09.00 часот на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(58) од Скопје удрило во пешак И.А.(75) од Скопје.
-По незгодата, пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.