На улица „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје вчера околу 19:15 часот „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Ф.(44) од Скопје, удрил во У.С.(40) од Скопје.
-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.