петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден на патот Тетово-Јажинце

Пешак тешко повреден на патот Тетово-Јажинце

На 29.12.2021 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во тетовско Доброште, патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(57) од Доброште, удрило во пешакот С.Ф.(57) од истото село, информира МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.