Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Климент Охридски“ во Битола.
Според информациите на полицијата, автомобил„цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(39) од Битола удрило во пешак М.З.(79) од Битола.
-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.