вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Битола

Пешак тешко повреден во Битола

На 15.02.2022 во 10.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(37) од Битола, удрило во пешакот М.Р.(56) од Битола, информира МВР.

М.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Битола.