На 31.10.2022 во 19.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „фолксваген“, управувано од М.К.(74) од с.Лавци, битолско, удрило во Д.Н.(63) од Битола, информира МВР.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.