понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Гостивар

Пешак тешко повреден во Гостивар

Вчеравечер (16 мај) во 22 часот и 40 минути во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостива, информираат од СВР Тетово.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.