На 15.06.2022 во 09.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета Македонско ударна бригада“ и ул.„Тоде Мендол“, патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(44) од Куманово, удрило во Н.Р.(77) од с.Черкези, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.