вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во кумановско

Пешак тешко повреден во кумановско

 

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера утрото се случила на крстосницата од регионален пат Куманово-Липково и локален пат за с.Лопате.

-Патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28) од с.Слупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54) од с.Лопате, информира МВР.

Повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.