недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје

Пешак тешко повреден во Скопје

Oд Градската општа болница „8 Септември“ вчера вечерта било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека околу 16.30 часот на ул.„Васил Чакаралов“, автомобил „Алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Г.(25) од Скопје удрило во пешак М.В.(67) Скопје, информираат од полицијата.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.