На 26.11.2022 во 10.50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Васил Ѓоргов“ патничко моторно возило “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(52) од Скопје, удрило во Д.М.(73) од Скопје.
-Во несреќата Д.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.