вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје, итно пренесен во Клинички

Пешак тешко повреден во Скопје, итно пренесен во Клинички

Скопјанката З.А. (59) со тешки повреди била пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ откако била удрена од автомобил.

Несреќата се случила вчера околу 20 часот на  улицата „Македонско Косовско бригада“.

-Патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.М.(67) од Скопје удрило во З.А.(59) од Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.