недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Битола

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Битола

Пешак се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера на улица „1-ви Мај“ во Битола.

Како што информират од полицијата А.В.(30) од Битола, управувајќи мотоцикл „Јијинг“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.И.(73) од Битола.

-Од ударот М.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, посочуваат од МВР.