среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:40 часот на крстосница од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Киро Фетак“ во Куманово.

Од МВР информираат дека автомобил „Шкода фабија“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(20) од с.Матејче, општина Липково, удрил во пешакот М.К.(84) од Куманово.

-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.