недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 19.05.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Трета македонска бригада“ патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (50) од Скопје, удрило во Ѓ.Д.(36) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Д., констатирани во Градска општа болница „Осми септември“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.