вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Автомобил „ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(38) од с.Слатино удрило во пешакот К.С.(67) од Тетово.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 16:30 часот на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово, посочуваат од полицијата.