На 23.10.2020 во 11,00 часот било пријавено дека во с.Подгорци-струшко патничко моторно возило “тојота јарис“ со струшки регистарски ознаки С.И.(27) од с.Подгорци удрилo во пешак Б.М.(53) од с.Подгорци, информира МВР.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата Св.Еразмо-Охрид.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.