понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак удрен од автомобил во Штип, добил тешки повреди

Пешак удрен од автомобил во Штип, добил тешки повреди

Во Штип вчера во 9:50 часот на крстосницата со улиците „Партизанска“ и „Сремски фронт“, патничко возило „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Штип, удрило во пешакот Б.Д.(81) од Штип.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.