На магистралниот пат Штип – Миладиновци, кај клучка Свети Николе, автомобил „пежо 405“, со француски национални ознаки, управувано од М.П.(60) од Берово, вчера излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.