Две лица се пренесени во болница откако вечерва две возила се судрија на заобиколница кај подвозникот пред Радишани.
– Сударот е меѓу две патнички возила, тојота и нисан. Две лица се пренесени на болничко лекување. Полицијата сега врши увид, сѐ уште немаме информација за кава сообраќајка станува збор – изјавија од МВР за „Република“.