недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец повреден во сообраќајка во скопско

Полицаец повреден во сообраќајка во скопско

На 17.04.2020 во 15.54 часот на ул.„1“ во с.Ново Село, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од полициски службеници од СВР Скопје и патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Г.(36) од Скопје, кој го напуштил местото на незгодата, информир МВР.

По сообраќајната незгода, еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.