Две лица се приведени во Полициската станица Чаир откако со лажни флешери се обиделе да избегнат полициска контрола.
Приведените вчера околу 21:30 пуштиле флешери откако полициските службеници им сигнализирале за да застанат на проверка. Биле сопрени кај кружниот тек во Бутел, а бегале кон улица Цветан Димов – каде што биле фатени.
Во време на пандемија од коронавирусот и полициски час во Македонија се појави и епидемија на лажни флешери кои се користат за избегнување на полициски контроли во време кога во сила е забраната за движење.
Епидемија на лажни флешери во време на пандемија
Gepostet von Maxim.mk am Sonntag, 5. April 2020