На 14.07.2023 околу 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“ сопственост на МВР и патничко возило „хонда“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Р.С.(36) од Република Бугарија.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле еден полициски службеник и тројца сопатници во возилото „хонда“ од Република Бугарија, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид извршила екипа на СВР Струмица.